Фантастичното трио Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез е движечката сила на Барселона сезонава, но капитенот Чави Хернандез е херојот на каталонците.
Чави, кој по завршување на сезонава ќе го напушти Ноу Камп на 5 јануари оваа година по поразот (1-0) од Реал Сосиедад се сретнал со Меси, кој бил во конфликт со тренерот Луис Енрике.
Разговорот на двајцата соиграчи траел околу еден час, а дури сега медиумите откриваат за што точно разговарале легендите на Барселона.
– Сакаш пак Кристијано Роналдо да ја освои златната топка. Престани да се зафркаваш на теренот и почни да играш. – биле последните зборови на Чави на состанокот.
После мечот на Аноета и разговорот очи во очи Чави-Меси фудбалерите на Барселона ги мелеа противниците и на добар пат се да освојат тројната круна.
Мх.П.