Засега непознат сторител со погоден алат го срушил ѕидот од златарата направен од гипс картон и неколклу цигли. Откако влегол ја пребарал просторијата по што се обидел да го отвори сефот во што не успеал. Провалникот потоа го украл лаптопот кој се наоѓал во златарата по што го напуштил лице местото.
Увид на местото на настанот изврши екипа на крим техника, истражен судија и заменик јавен обвинител. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид