Тимот на Милан претрпе пораз 2-0 на Сан Сиро од Јувентус во дерби пресметката во 26-та рунда од Серија А.


Новиот неуспех на „росонерите“ пред своите гледачи е незаслужен, затоа што во првиот дел „бјанконерите“ во неколку наврати го спасуваа голот. Непишаното правило го стигна Милан откако Јувентус по првиот упатен директен удар ја погоди мрежата на Абијати.


Во вториот дел избраниците на Антонио Конте ја смирија топката и со фантастичниот погодок на Карлос Тевез ја запечатија победата на „Сан Сиро“.


Резултати : Каљари – Удинезе 3-0, Аталанта – Киево 2-1, Џенова – Катанија 2-0, Верона – Болоња 0-0, Сасуоло – Парма 0-1, Торино – Сампдорија 0-2, Ливорно – Напол 1-1, Милан – Јувентус 0-2.

Табела : Јувентус 69, Рома 58, Наполи 52, Фиорентина 45…

Мх.П.