Македонската ватерпол репрезентација претрпе минимален пораз од селекцијата на Хрватска 9-8 (1-3, 4-2, 1-3, 2-1). Поразот од европскиот шампион Хрватска е втор во светската лига откако во првиот меч “црвено жолтите“ беа совладани од Германија.


Мечот со Хрватска преставуваше еден вид подготовка за турнирот кој ги очекува ватерполистите во Турција. Избраниците на Гочанин со пријателски натпревари ќе ја темпираат формата за престојното Европско првенство во Холандија кое започнува на 16 јануари.

Мх.П.