“Со Охрид за љубов” е мотото со кое на локалните избори ќе настапи независната советничка листа предводена од Љупчо Нечкоски.

Акцент во изборната програма ќе биде ставен на средување на урбанистичкиот хаос, туризмот, екологијата,  безбедноста и борбата против девијантните појави во општеството, посебно кај младите, истакна досегашниот советник Нечкоски на прес конференцијата што се одржа денеска.

Притоа, тој истакна дека ќе го вложи своето искуство од досегашната работа во Советот во интерес на градот и изрази надеж дека гласачите ќе му дадат доверба за уште еден мандат.

Очекувањата на Нечкоски се на претстојните локални избори неговата независна листа да освои две советнички места.

Ohridnews