Нашата визија е рамномерен развој на сите делови од Охрид, а не само центарот на градот. Во оваа насока имаме конкретни планови и проекти кои во идниот мандат ќе се реализираат во месните заедници „Железничка“, „Лескајца“ и населбата „Радојца Новичиќ“, рече на денешната прес конференција кандидатката за советничка од СДСМ и коалицијата, Лидија Неданоска.
На улица „Железничка“ ќе се опфатат следниве инфраструктурни решенија: санирање и реконструкција на детското игралиште на ул. „Крали Марко“, асфалтирање и реконструкција на ул. „Тетовска“ (од ул. Охридска бригада до ул. Абас Емин), комплетна реконструкција на ул. „Будва“, „Прилепска“, „Винковачка“, изнаоѓање на решение за дислокација на претоварна станица на Нискоградба и изнаоѓање на соодветно сообраќајно решение (пр. Кружен тек) за крстосницата кај самопослуга „Стрикан”, посочи Неданоска.
Во месната заедница Лескајца, рече, ќе се ќе се изврши реконструкција на ул. „Дејан Војвода“ и „Стив Наумов“, додавајќи дека населбата Радојца Новичиќ како се поатрактивна за живеење меѓу охриѓани е целосно запоставена цели четири години од акуелната локална власт.
Ние како идна локална власт се обврзуваме да реализираме: асфалтирање на улицата на потегот од Еко Шпар, низ полето, до Лескоец, изврување на комплетна реконструкција на ул. „Петрино“, поставување на современи автобуски постојки од ул.„Радојца Новичиќ“ до ул.„Кленоец“ и изнаоѓање на решение за изградба на детска градинка во оваа населба, рече Неданоска.
Со овие проекти, истакна, ќе се обезбеди достоинствен живот за сите жители на овие населби, а со вредна и транспарента работа и соработка со граѓаните, секое ветување ќе се претвори во реалност.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска