До 21-ви септември, во Културно-информативниот центар „Култура 365“ ќе биде одбележана „Неделата на книгата“.

Секој што ќе го посети Културно-информативниот центар „Култура 365“ во периодот од 9 до 19 часот, ќе ја добие на подарок книгата „Премин во маглата“ од македонскиот автор Мишо Јузмески.

Литературниот критичар Радован П. Цветковски има запишано: „Книгата на Мишо Јузмески е бескомпромисен одраз на нашата реалност, огледало на еден свет кој е растргнат од лицемерието, развратот и пороците.“

Книгата досега е објавена на македонски, бугарски и англиски јазик.

OhridNews