Неделата на солидарност ќе трае до 24- јуни, а водечки принцип и оваа година ќе бидат вклученоста и придонесот на вработените, клиентите и партнерските организации во солидарни акции.
Охридска банка за време на неделата на солидарност оваа година организира две иницијативи. Првата е во соработка со Црвен Крст на Македонија и Здружението за цистична фиброза. Имено, за сите трансакции на ПОС терминалите на Охридска банка во периодот од 16 до 30 јуни 2011, банката ќе издвои дополнителни 0.5% од вредноста на трансакциите и тие средства ќе ги донира за набавка на опрема за цистична фиброза на Клиниката за детски болести во Скопје.
Вората активност е еколошка акција за чистење на крајбрежјето на Охридско езеро, која ќе се одржи денес, аОхридска банка ја организира во соработка со Здружението за деца со интелектуална попреченост од Охрид и ЈП Комунлаец од Охрид. Вработените од банката заедно со децата со интелектуална попреченост од Охрид ќе ја поттикнат еколошката свест и ќе испратат јасна порака за потребата да се заштитат земјата и водата. На тој начин ќе покажат дека индивидуалниот напор може да прерасне во колективната идеја која ќе претставува двигател на еколошката промена и одржување на биодиверзитетот.