Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22 – 30 април 2014 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.

Граѓаните ќе може да донираат материјални добра во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајЌи и сабота и недела од 8 до 15 ч. Мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст Охрид, ќе бидат распоредени на повеќе пунктови низ градот и ќе прибираат доброволни прилози од хуманите граѓани. Исто така граѓаните ќе можат да донираат парични средства на жиро сметката на Црвен крст Охрид со назнака за “Недела на солидарност”.

OhridNews