Од локаланата самоуправа информираат дека во текот на оваа седмица советот на општина Охрид ќе одржи две седници.
На утрешната седница меѓу вкупно 25- те точки на дневен ред ќе се најдат Предлог одлуките за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот за периодот од 01.01. до 30.09.2013 година, донесување на Буџетски календар на општина Охрид за 2014 година, извештаите за реализација на програмите од комуналната сфера, како и давањето согласност на одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“.
Наредната, 13- та седница е закажана во четврток, 31- ви октомври, а на дневен ред ќе бидат осум точки од сферата на урбанизмот.
OhridNews