Министерот за образование Спиро Ристовски задоволен од одвивањето на процесот кој започна во понеделникот а со кој родителите, односно старателите на учениците , податоците од електронскиот дневник ги добиваат преку бесплатни СМС пораки.
„Одлично се одвива целиот процес, СМС-пораки се дистрибуирани до повеќе од 143 илјади броеви, а и известувања по имејл-адреси. Задоволството на родителите е евидентно и до нас стигнуват позитивни информации. Апелирам до родителите кои се уште немаат доставени броеви, а сакаат, тоа да го направат во матичните училишта и внимателно да ги наведат броевите зашто констатиравме и неточни“, рече Ристовски.
Како поддршка при користењето на оваа услуга, доколку е потребно, родителите можат да се обратат до Министерството за образование и наука на мејл адресата – информиранродителЖмон.гов.мк, со цел да им се овозможи на сите оние коишто се заинтересирани, непречено користење на истата.
Извештајот родителите го добиваат еднаш неделно и ги содржи сите последни промени поврзани со образованието на нивните деца, информации за нивните активности, оценки и поведение. СМС услугите ќе се реализираат преку трите мобилни оператори во земјата кои беа вклучени во тест-периодот ( ВИП, Т-Мобиле, ОНЕ).
OhridNews