Почнувајќи од вторник, па во наредните неколку денови, матурантите ќе ги полагаат испитите од државната матура, односно училишната матура и завршен испит.
Во вторник со почеток во 10 часот, во охридската гимназија, ќе се полага екстерниот испит по македонски јазик и литература. Во среда во 10 часот, матурантите ќе полагаат интерен испит за училишна матура и завршен испит по македонски јазик и литература. Во четврток ќе се полагаат екстерните- математика, англиски јазик, германски јазик, француски јазик.
Полагањата продолжуваат во понеделник, 20- ти јуни.











