
Како што потенцираат од министерството, на огласот кој ќе трае осум дена ќе имаат право да се пријават сите кои ги исполнуваат наведените услови , а до назначувањето на новиот раководител, на оваа позиција во Охрид останува сеуште актуелниот раководител Ѓорѓи Бошалески.
Неодамна беше најавена и промена на раководната позиција на Управата за имотно правни односи во Охрид, чиј вршител на должност беше Спасе Лечоски.
Како што беше потенцирано од владеачката ВМРО- ДПМНЕ, промените доаѓаат по извршените согледувања на успешноста на работата на функионерите кои претходно биле именувани.
-Ова покажува дека ВМРО–ДПМНЕ е партија која има и храброст и капацитет постојано да се менува, да се подобрува, се во насока на одговор на потребите и барањата на граѓаните како наше основно начело во работата. Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да ја согледа успешноста на работата на функионерите кои беа именувани и врз основа на тоа да донесе одлука за промени во одредени области.- изјави неодамна членот на највисокото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.
Т.К.












