Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со локална појава на облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималната температура ќе се искачи до 34 степени.
Сончево и многу топло време со мала локална облачност не очекува и во вторник. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 23 степени, а максималната дневна од 34 до 40 степени.
Г.М.