Од локалната самоуправа информираат дека второто запрашување против комарци ќе се реализира во четврток на 21- ви или во петок на 22- ри јули, во зависност од временските прилики. Запрашувањето ќе започне во 5 часот наутро.


Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите, во четврток или петок наутро, да не ги пуштаат пчелите од кошниците.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

OhridNews