Финалистите од 1997 година Јувентус и Борусија Дортмунд во Лигата на Шампиони силите ќе ги одмерат во осминафиналето од овогодишеното издание.
„Старата дама“ во последното коло обезбеди пласман во нокаут фазата додека „милионерите“ беа први фудбалери кои обезбедија европска пролет.
– Можеше да биде и полошо во ждребката бидејќи потенцијални противници ни беа Баерн Минхен, Челси, Реал Мадрид и Барселона. Затоа мораме да бидиме задоволни од ждребот на Дортмунд, кој ќе биде вистински тест за нашата сила сезонава – рече Павел Недвед, кој беше преставник на Јувентус на ждребката во УЕФА.
Првиот меч ќе се одигра во Торино додека реваншот на „Сигнал Идуна Парк“ каде ќе биде промовиран четврфиналистот во ЛШ.
Мх.П.