Синоќа во 20 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на охридското крајбрежје, пронајдена е неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници по што, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, изврши подигнување за натамошна постапка.- информира СВР Охрид.

Во неколку наврати во 2010, 2011 и 2012 година беа спроведени акции за чистење на дното на Охридското Езеро од неекслодирани средства, при што беа извадени и безбедно транспортирани и уништени околу 20 тони најразлични експлозивни средства стари и до еден век.
Неексплодирани средства има и планината Галичица каде поминувала линијата на фронтот во Првата светска војна.
Дел од нив неа зафатени со пожарот што минатата година изби на планинските врвови на Галичица при што имаше и експлозии. Дирекцијата за заштита и спасување тогаш најави спроведување акција за чистење на опожарениот простор од експлозивните средства од минатото.
Г.М.












