Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња. Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во Охрид во овој период се родени 126 бебиња, додека во Струга 79. Во истиот период во Охрид починале 163 лице со што се бележи природен прираст од -37. Во Струга починале 89 лица со што природниот прираст е -10. Во однос на склучени бракови за овој период во Охрид нивната бројка е 129, додека во Струга 141, додека во истиот период во Струга немало ниту еден, во Охрид евидентирани се 10 разводи.

Споредбено со второто тромесечје од 2022 година во Охрид биле родени 96 бебиња, додека во Струга 146. Во истиот период во Охрид починале 151 лице со што се бележи природен прираст од -55. Во Струга починале 100 лица и таму се заблежува позитивен природен прираст од 46. Во однос на склучени бракови за овој период во Охрид нивната бројка е 95, додека во Струга 78, додека во истиот период имало 31 развод во Охрид и 18 во Струга.

Н.С.Ј.

извор. ДЗС