Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379.

Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4 760 и бележи намалување од 33.4 % во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

96 бебиња се родиле во Охрид во второто тимесечје од 2022 година, додека во Струга 146. Во истиот период во Охрид починале 151 лице со што се бележи природен прираст од -55. Во Струга починале 100 лица и таму се заблежува позитивен природен прираст од 46. Во однос на склучени бракови за овој период во Охрид нивната бројка е 95, додека во Струга 78, додека во истиот период имало 31 развод во Охрид и 18 во Струга.

Во Дебрца се родени 2 бебиња, починати се 21 лице, со што природниот прираст е – 19, а се бележат 4 склучени бракови, додека разводи нема.

Споредбено, во првото тримесечје од 2022 година во Охрид биле родени 95 деца, а починати 258 лица, додека во Струга родени 97 деца, а починати 197 лица. Според ова во Охрид беше забележан негативен природен прираст од 163, додека во Струга од 100.

OhridNews