Српскиот суперлигаш Јавор со чисти 2-0 го совлада македонскиот првак Ренова. Избраниците на Зоран Његуш ја забележаа првата победа на подготовките во Охрид, благодарение на головите на Хаџибулиќ и Ранѓеловиќ од пенал во првиот дел.


– Полека полека вегуваме во ритам, играме се подобро и подобро, и задоволни сме што го победивме првакот на Македонија. Во нашата игра евидтени се некои недоостатоци,  имаме нови фудбалери кои во подготвителниот период треба да се уиграат – рече Њугуш кој со тимот на Јавор ќе игра уште со Напредок и Силекс.

За македонскиот првак ова беше прва контрола во Охрид.  Наредната тест  средба ќе ја имаат во денес  со Охрид 2004.


–  Прв натпревар задоволен сум со ангажманот на сите фудбалери, на површина излегоа некои слабости ,а по овај натпревар имам јасна претстава за сите грешки кои се случија,  а мечот во голема мера ќе ни помогне да ги отстраниме тие недостатоци – смета Соколи.

М.П.