Анализите направeни во месец март во повеќе селски водоводи во Дебарца и охридско покажале дека водата за пиење од овие системи не е добра за употреба без претходна термичка обработка.
Во водоводот на МЗ Врбјани, МЗ Годивје, МЗ Слатино, МЗ Песочан било утврдено отсустви на резидуален хлор, додека во МЗ Арбиново и во МЗ Сливово покрај отсуство на хлор било утврдено и присуство на бактерии.
Во водоводот во Издеглавје, како и во Оровник и Требеништа со кој управува јавното комунално претпријатие Дебарца исто така бил утврден недостаток на хлор.
Отсуство на хлор било утврдено и во Горно и Долно Лакочереј, охридско. Во водоводот во Горно Лакочереј забележано е присуство на бактерија ешерихија коли. Истата бактерија била пронајдена и во изворот кај црквата Св. Недела во Долно Лакочереј.
Овластен инспектор ги евидентирал овие случаи и донел препорака лица од месните заедници во селата во кои е утврдена неисправност на водата за пиење да минат задолжителна обука која ќе ја спроведе Центарот за јавно здравје од Охрид, со цел да стекнат вештини за одржување на селските водоводи. Исто така на месното население од овие населени места му се препорачува пред употреба водата од селските водоводи да ја преврива најмалку 20 минути.
OhridNews