Предводникот на „кариоките“, Нејмар може да биде „трета“ опција во изборот за најдобар светски фудбалер откако цврсто чекори кон дуото Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Талентот на Нејмар беше препознатлив и пред да направи трансфер во Барселона. Тој имаше феноменални натпревари во дресот на Сантош и Бразил, но Нејмар експлодираше откако се пресели на Ноу Камп.
Првата сезона во дресот на каталонците му беше просечна, а втората заедно со Меси и Луис Суарез ја одведоа екипата до тројна круна.
Со исто можеби и пожестоко темпо Бразилецот продолжи сезонава каде моментално е најдобар стрелец во Шпанија со 11 голови на 10 мечеви и на добар пат е да им спротистави на Роналдо и Меси.
И статистиката до сега е на страната на Нејмар кој во досегашните 317 мечеви има постигнато 183 голови или во просек (0.57), пред Меси (0.55) и Роналдо (0.37).
Португалецот и Аргентинецот доминираат во фудбалот освојувајќи ги последните седум златни топки, а последен пат Кака во 2007 година успеал да биде пред „вечните“, а по осум години се појави друг во името на Нејмар.
Ohridnews











