Капитенот на Бразил, Нејмар во изборот за најдобар фудбалер гласовите ги даде за Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Хавиер Маскерано.
Фудбалерот на Барселона во интервју за бразилската национална телевизија јавно откри дека ривалството меѓу неговиот тим и Реал Мадрид како и споредбата на Меси и Роналдо не делувале за неговиот избор околу гласовите.
Во пракса фудбалерите блиски до Роналдо и Меси не ги сврствуваа ривалите на своите соиграчи во изборот за најдобар светски фудбалер.
Годинава во трката за престижната награда на ФИФА покрај Роналдо и Меси е и германскиот чувар на мрежата Мануел Нојер.
Мх.П.