Фудбалерот на Барселона, Нејмар со одличните игри сезонава успеа да се доближи до „непобедливите“ Кристијано Роналдо и Лионел Меси.


Нејмар брилира во дресот на каталонците и бразилската репрезентација, а тоа ќе го искористи америчката компанија за спортска опрема Најк да го промовира како заштитен лик.

Долги години препознатлив бренд на Најк беше Роналдо, но Португалецот полека го губи приматот кој очигледно ќе му припадне на Бразилецот.

Сезонава, Нејмар ја предводи листата на стрелци во Ла лига, а тој заедно со Луис Суарез направија да не се осети неиграњето на Меси поради повреда скоро два месеци.

Ohridnews