Репрезентациите на Бразил и Колумбија, предводени од капитените Нејмар и Хамес Родригез следната година ќе одиграат пријателски натпревар во чест на починатите фудбалери од Чапекоенсе кои загинаа во авионска несреќа.


Натпреварот, според бразилските медиуми би требало да се одигра на 22 јануари, а целиот приход од мечот ќе му биде дониран на клубот и на семејствата од фудбалерите, стручниот штаб и техничкиот персонал.

Домаќин на ревијалниот меч со хуманитарен карактер ќе биде стадионот „Маракана“ во Рио ден Жанеиро, на кој се очекува да има голема посетеност.

– Ги известивме ФИФА и Конмебол за ревијалниот меч. Дискутирвме долго време што е најдобро, и донесовме одлука да играме меч против Колумбија која комплетно не поддржа после несреќата на нашиот клуб. – рече генералниот секретар на бразилската федереција, Валтер Фредман.

Во авионска несреќа која се случи пред недела дена во колумбискиот град, Меделин животот го загубија 71 патник, а само пет го преживеа падот на авионот. Меѓу петте преживеани, тројца се од фудбалскиот клуб Чапекоенсе кој против Атлетик Национал требаше да го одигра првиот меч од финалето во Судамерика.

OhridNews