Бразилскиот репрезентативец и член на Барселона, Нејмар, по инцидентот кој го предизвика во петокот, извесно е дека ќе го напушти клубот во овој преоден рок. Имено, Нејмар се степал со новиот соиграч Нелсон Семедо, а потоа револтирано го напушти теренот. Нејмар е во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако ПСЖ реши да ја плати неговата откупна клаузула од 195 милиони фунти (222 милиони евра) и годишна нето плата од 30 милиони евра. Шпекулациите од Шпанија говорат дека Нејмар ќе ја напушти Барселона откако екипата ќе се врати од американската турнеја. Последните настани само и дадоа потпора на оваа шпекулација, бидејќи Бразилецот предизвикал инцидент на тренингот во Мајами.

OhridNews