Барселона се изедначи на врвот од табелата во Ла Лига со Реал Мадрид откако пред своите гледачи со убедливи 5-2 го совлада тимот на Рајо Ваљекано.
Двигател на каталонците во отсуство на Лионел Меси е бразилскиот репрезентативец Нејмар кој постигна четири од петте голови.
Последниот погодок во триумфот на Барселона беше дело на Луис Суарез, но вреди да се спомене дека Рајо Ваљекано поведе со 1-0 во мечот.
Ohridnews











