Премиерлигашите Челси и Манчестер Сити со голема понуда се надеваа дека ќе го доведат во своите редови фудбалерот на Барселона, Нејмар, кој за сега отфрли трансфер во Англија.


– Фокусиран сум само на Бразил и Барселона, а пишувањата околу мој трансфер се невистинити. Често зборувам со Алексис Санчез за Премиер лигата, но трансфер таму за сега не ме интересира. Пред мене е голем пат во Барселона и само ако сум подготвен и фокусиран ќе можам да го изодам без поголем проблем. – рече Нејмар.

Бразилскиот репрезентативец сезонава постигна 17 погодоци, а додаде уште шест асистенции во шпанската Ла Лига.

Мх.П.