Бразилскиот репрезентативец Нејмар се најде на удар од светските медиуми по директниот црвен картон кој го доби на Копа Америка. Тој по завршување на мечот со Колумбија со топка погоди противнички играч по што настана мешаница на теренот.


Фрустрацијата на Нејмар трае подолго време и конечно за бразилските медиуми ја отвори душата кажувајќи што му лежи на срце.

– Доста ми е од се. Многу сум бесен и добро што се воздржувам цело време. Повеќе за мене не сакам ништо да слушам и читам од работите како сум преминал во Барселона неправилно и како поради мене Бразил испаднал од Копа Америка. – рече Нејмар и додаде. – Мојата работа е да играм фудбал и јас го правам тоа и сум многу среќен. Најдобро би било кога и другите кои работат нешто друго да бидат среќни како мене.

Со екипата на Барселона бразилскиот репрезентативец имаше сезона за паметење освојувајќи титули во Ла Лига, Купот на Шпанија и Лигата на Шампиони.

Мх.П.