Најскапиот фудбалер во светот на фудбалот, Нејмар успешно ја минал операцијата која му била извршена во Бразил после повредата на ногата.

Бразилецот надвор од терените ќе биде минимум шест недели, а докторите кои го оперираа оптимистите за негов комплетен кам бек за престојниот Мундијал во Русија.

– Операцијата помина успешно, а Нејмар е многу тажен поради паузата која го очекува. Ние ќе направиме се` што е во наша моќ да го вратиме Нејмар побрзо на теренот, но повредата на метатарзалната коска е незгодна и бара многу внимание. – изјавил докторот Родриго Ласмар.

„Светците“ без Нејмар во составот ќе му се спротистават на Реал Мадрид во Париз во реванш мечот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ имаат предност од 3-1 обезбедена во првиот меч на Сантијаго Бернабеу.

OhridNews