Бразилската супер ѕвезда Нејмар продолжува да ужива во одморот во својата земја со старо-новата девојка Бруна Маркезин. Нејмар и Бруна трет пат се смирија и заедно ги поминуваат деновите на почетокот од Новата година.

На Нејмар во Бразил му се приклучи чуварот на мрежата Кевин Трап со својата поубава половина Изабел Гуларт која е еден од најубавите ангели во „Викторија Сикрет“.

 

Двата популарни парови заедни ги минуваат одбројаните денови од одморот, бидејќи за многу кратко време ќе треба да се вратат во Париз и да се подготвуваат за натпреварите од пролетната полусезона.

OhridNews