Нејт Дијаз го освои појасот во „велтер“ категорија победувајќи го со гушење во втората рунда актуелниот шампион Конор МекГрегор во 196-то издание на УФЦ борбите.
За носителот на појасот во „перо лесна“ категорија ова беше деби во „велтер“ категоријата откако го замени Рафаел Дос Анхос поради повреда.
МекГрегор го раскрвари лицето на Дијаз кој пак, не попушти и не се откажа. Пред крајот на втората рунда Дијаз успеа да го легне противникот и да го загуши за победа.
Изненадувачки пораз во УФЦ борбите претрпе Холи Холм која изгуби од Милеша Тејт во борбата на вечерта во женска конкуренција.
OhridNews














