Поранешниот капитен на Барселона и репрезентацијата на Мексико, Рафаел Маркез се најде помеѓу 22-та осомничени за трговија и шверцување со дрога од Министерството за финансии од САД.

Обвинувањата на Маркез и останатите видни личности се резултат на истрага долга пет години. Покрај фудбалерот на листата се најде и познатиот мексикански музичар Хулио Сезар Алверез, кој имал блиска соработка со Флорес Ернандез. До финалната пресуда и расчистување на случајот Маркез и останатите осомничени имаат забрана за влез во САД.

Осомничени за недозволено тргување со дрога се и објкети, казина и еден фудбалски клуб кои допрва ќе бидат објавени во јавноста.

Во фудбалската кариера Маркез имаше големи успеси со Барселона, освојуваќи титули во ЛШ и Ла Лига, но очигледно тргнал по погрешен пат по враќањето во матичната земја.

OhridNews