Група граѓани од Охрид и туристи со сопствен повеќедневен напор и со свои средства извадија од езерото еден голем и тежок бојлер наполнат со бетон во близина на старото пристаниште наспроти хотелот “Палас”.

Во текот на годините повеќе луѓе, а особено деца беа повредувани и завршуваа на Oдделот за хирургија во Охрид. Низ годините баравме помош од повеќе институции и од повеќе граѓани. Една институција вети дека ќе го извади, но ништо не се направи. Сега бојлерот треба да се дислоцира од плажата за што е известена надлежна институција, велат охриѓанецот Милован Србиноски и србинот Марко Ристиќ, учесници во акцијата.

Воедно упатуваат благодарност до сите кои помогнале во дислоцирање на болјерот од Охридско Езеро, кој се очекува надлежните служби соодветно да го депонираат.
OhridNews











