Поранешниот голгетер број еден на Милан, Жорж Веа најверојатно ќе биде нов претседател на Либерија. Иако се уште се бројат гласовите националните медиуми му ја препишаа победата на фудбалерот кој беше најголем амбасадор на својата земја.
Некогашниот соиграч на Веа од деновите минато во Милан, Паоло Малдини му честиташе за победа и му посака иста кариера на претседателската функција како од зелените терени. Во честитките се приклучи и Арсен Венгер кој заедно со фудбалерот соработуваше во Олимпик Марсеј на почетокот од овој век.
Веа активно фудбал играше до 2003 година, а покрај во редовите на Милан и Олимпик Марсеј настапуваше за ПСЖ, Челси, Манчестер Сити и Ал Џазира каде и ја заврши кариерата. Во 1995 година Веа беше прогласен за најдобар играч во светот и стана првиот афрички фудбалер кој понесол ваква награда.
OhridNews