Победникот на УС Опен во 2009 година, аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро го откажа настапот на последниот грен слем во годината кој започнува на 25 август во Њујорк, објавија организаторите.

Аргентинецот подолго време влече повреда на зглобот на левата рака, кој го оперираше во мај и сеуште не се чувствува дволно закрепнат.
Дел Потро се очекува да се врати на тениските терени на 22 септември на турнирот во Куала Лумпур.
„Макфакс“










