Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед со убедлива победа 7-0 над Лос Анџелес Галакси ја започна турнејата во Америка во рамките од подготвителниот период.

Исто така со победа дебитираше и новиот менаџер Луис ван Гал кој ја примени тактиката од холандската репрезентација.

По два погодоци постигнаа Руни, Јанг и Џејмс, а еден реализираше Велбек. На мечот брилираше Андер Ерера кој запиша три асистенции.

Турнеајата „ѓаволите“ ја продолжуваат в сабота против Рома, а ќе одиграат натпревари со Интер и Реал Мадрид.

Мх.П.