Пролетта пристигна и дојде време после долгите зимски месеци без нега на стапалата, конечно одвоиме време за нив.

Нокти
Ако ви останал стар лак на ноктите, тоа е првиот чекор. Детално исчистете го целиот лак, а ако имате остатоци од лак во ќошевите, намокрете чепкалка за уши со ацетон, и исчистете го. Кога лакот долго време стои на ноктите и нозете се по цел ден во чорапи, ноктите може да бидат со жолтеникава боја. Тој прв слој од клетки лесно можете да го отстраните со пилинг или да го протриете со сок од лимон и да го исчеткате со стара четкичка за заби.

Омекнете ја кожата
Потопете ги нозете во купка од сол и малку кокосово масло. Оваа комбинација прави чудо за кожата, а после тоа многу полесно ќе се ослободите од вишокот на клетки и ќе ги уредите ноктите. Откако ќе ги извадите нозете од водата, земете камен за пети и отстранете го вишокот стара кожа, за петите и остатокот од стапалата да бидат нежни и меки.

Средување на ноктите
Сега треба да ги средите ноктите. После сечењето, отстранете ја задебелената кожа и обликувајте ги ноктите со турпија, па потоа можете да ги исполирате. Кога ги  сечете ноктите немојте премногу да влегувате од страна. Држете се до рамното сечење бидејќи би можеле да предизвикате враснат нокт.

Нахранете ги стапалата
Не е важно кој крем го користите, колку што е важно тоа да го правите редовно. Кожата околу ноктите можете нежно да ја масирате со кокосово масло или обичен балзам за усни, па ќе биде помека.

Лакирање на ноктите
Сега конечно имате средена и убава кожа на стапалата и ноктите, па ви преостанува да ги налакирате ноктите во омилената пролетна боја. Обидете се секогаш да оставите некое време пред лакирањето, за ноктите да подишат, а во зимските месеци не е препорачливо да имате налакирани нокти бидејќи ногата е во чорапи па уште помалку дише.

 

извор:tportal.hr