Граѓани алармираат дека неколку дена се гледа густ чад над планината Караорман, во областа Малесија. Бараат надлежните служби да интервенираат и го изгаснат пожарот.

Од струшката Противпожарна единица ја потврдија информацијата дека пожарот е забележан во петокот, но како што велат станува збор за пожар со мал интензитет кој има зафатено само ниска трева и дека на терен се само екипи на Македонски шуми.

  • Контактиравме со надлежните во шумското претпријатие и тие ни кажаа дека се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот. Кажаа дека доколку е потребно ќе се јават за да се мобилизираме, велат од струшката Противпожарна единица.

Оттаму, додаваат дека засега нема информации дека пожарот може да се прошири кон населените делови од Малесија која ги опфаќа селата  Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селци и Буринец.

OhridNews