Неколку млади луѓе во провинцијата Антверпен, Белгија, биле хоспитализирани, а едно е во кома, по употреба на електронски цигари што содржеле течност од „домашно производство“, за која постои сомневање дека можела да содржи и психоактивни супстанци, како THC или друга дрога.

Белгискиот центар за отрови (Poison Centre) официјално ги повика медицинските служби да бидат внимателни со ваквите случаи, бидејќи содржината на илегалните течности често е непозната и ризична, вклучувајќи и THC или други супстанции кои ги нема во обични е-цигари, пренесуваат белгиските медиуми.

Илeгалните, неиспитани течности можат да содржат канабисови компоненти или синтетички деривати кои можат да предизвикаат сериозни здравствени реакции, вклучувајќи губење на свеста, невролошки ефекти или тешки респираторни проблеми, пренесува „The Brussels Times“.

Белгиските власти бележат пораст на илегални или опасни „vape“ производи меѓу младите, што наметнува потреба од построги правила и контроли, објави Светската здравствена отганизација.

Здравствените експерти, пак, предупредуваат дека содржината на домашно направени или илегални вејп течности често не е позната, и тоа претставува сериозен ризик за здравјето, особено кај младите чии тела и мозоци сè уште се развиваат.

OhridNews
Фото: Freepik