Се уште се бројат штетите од големото невреме со врнежи од град, што го зафати Охридскиот регион изминатиот викенд.
До денес, до соодветната општинска комисија пристигнале над 400 барања за надомест на штета.
Во најголем дел поднесените нарања се од земјоделци. Структурата на барањата и висината на штетите ќе се утврдува по завршување на рокот за пријава – 30 јуни, стои во информацијата што на барање на нашата редакција ја достави Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.
Како што објави Охридњуз, големи штети невремето предизвика и на возилата. До вчера во СВР Охрид биле евидентирани 165 пријави за штети на автомобили. Неофицијално, тој број е далеку поголем.
Најголемиот дел од нив, се поврзани со оштетувања на кров и стакла од патнички моторни возила (вдлабнатини на кров и хауба, пукнатини на предно и задно ветробранско стакло), оставени паркирани на јавни површини а помал дел на поплави во домови. – се вели во информацијата на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, доставена на барање на нашата редакција.
Г.М.