Неколку стотина приговири за Локалните избори 2013 години, од кои поголемиот дел се од опозицијата, пристигнале до Државната изборна комисија (ДИК) во законски утврдениот рок, кој истече во вторник во 19 часот.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко на прес-конференција во вторникот вечерта информираше дека  точниот број на пристигнати приговири не се знае, бидејќи во тек е заверување на истите.

Тој најави дека ДИК во среда на седница ќе расправа по приговорите според редоследот на нивното пристигнување, за што јавноста ќе биде навреме информирана.

Конечките резултати од изборите ќе бидат познати дури откако ќе заврши постапката по приговорите во ДИК, како прва инстанца и евентуално во судот, како втора инстанца.

Кондарко вечерва ги објави дополнителните податоци за оние општини, за кои вчера не беа соопштени 100 отстотните податоци од изборите.

По комплетирањето на денешните податоци, ДИК ги соопшти првичните неофицијални податоци, според кои градоначалници се избрани во првот круг во 51 општина, додека втор круг ќе има во 29 општини и во Град Скопје.

Кандидатот за скопски градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски освоил во првиот круг 47,89 %, додека неговиот против кандидат Јани макрадули 28,07%.

Втор круг ќе има и во општина Центар, каде кандидатот на СДСМ Андреј Жерновски освоил 49,18 отсто, а на ВМРО-ДПМНР Владимир Тодоровиќ 44,04 отсто.

Во Карпош во вториот круг влегуваат Стевчо Јакимовски од СНС со 45,49% и Андреј Петров од СДСМ со 25,50%.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров Сокол Митревски освоил 46,78 отсто, а на СДСМ Александар Димовски 44,31 отсто.

Во општина Бутел во вториот круг влегоа Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ со 47,84 отсто и Коста Начевски од СДСМ со 23,14 отсто

Втор круг ќе има и во Битола, каде влегуват Владимир Талески од ВМРО-ДПМНЕ со 49,09 отсто и Менде Диневски од СДСМ со 39,39 отсто.

Во Гостивар во вториот круг влегоа Руфи Османи од НДП со 36,28 отсто и Невзат Бејта од ДУИ 44,31 отсто.

OhridNews