Како што најавуваат од ЕВН Македонија, денеска, 7-ми февруари, ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе охридски населби и дел од селото Лескоец.

Во периодот од 10 до 15:30 часот без струја ќе биде дел од улицата „Галичица“, додека од 9 до 11 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на булеварот „Туристичка“ зграда 32 влез2.

Исто такак, без струја ќе биде и дел од улицата „Караорман“ во селото Лескоец, во периодот од 12 до 14 часот.

OhridNews