Како што најавуваат од ЕВН Македонија, денеска, 6-ти март, во периодот од 07:30 до 18:00 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во манастирскиот комплекс „Св. Наум“, ресторанот „Острово“ и хотелот „Маркони“.

Од компанијата известуваат дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.

OhridNews