Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците во населбата „Црногорци“ најaвуваат од ЈП Водовод Охрид.

Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф300 мм), денес од 09:00 часот ќе има неколку часовен прекин во водоснабдувањето во населбата „Црногорци”, велат од претпријатието.

Додаваат дека послаб притисок ќе има во селата Лескоец и Лакочереј.

OhridNews