Минатата ноќ во Охрид помина без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир и инциденти, информираат од Секторот за внатрешни работи, кој се уште работи на расветлување на околностите под кои настапила смрт кај младо момче во центарот на градот.

Во службата за итна медицинска помош се обратиле десеттина граѓани, од кои поголемиот број со хронични заболувања, кардиоваскуларни заболувања, а имало и неколку случаи на млади лица кои биле во алкохолизирана состојба кои потоа биле испратени во Општата болница за детоксискација.

OhridNews