Во подножјето на планината Галичица, во близина на управната зграда на Националниот парк се наоѓа вреден археолошки локалитет каде е откриена ранохристијанска базилика. Иако се работи за значајно културно наследство, односот кон него е крајно некултурен. Наоколу расфрлан е најразличен отпад кој ја нагрдува убавата глетка која се пружа од ова место.
Не е прв пат на овој простор да никнуваат диви депонии. Откако јавноста ќе биде алармирана, надлежните ги чистат, но набрзо се појавуваат нови. И така е со години. Зошто?
OhridNews















