Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад, денеска, кај месноста Сатеска, Струга, при извршен преглед на патничко моторно возило „Опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, пронајдоа и запленија 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми.

Рибата од Охридското Езеро и натаму неконтролирано се изловува
Рибата од Охридското Езеро и натаму неконтролирано се изловува

Рибата била скриена во багажниот простор на возилото. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

OhridNews