Нелегални станоиздавачи и диви агенции незаконски заработуваат и затајуваат данок
11.08.11 08:01
Буџетите на Општина Охрид и на државата секоја година трпат милионски загуби поради неплаќање на таксата за привремен престој од страна на вршители на туристички услуги, кои со разни малверзации вешто ги прикриваат вистинските податоци за остварените ноќевања, или воопшто не ги пријавуваат гостите. Најголем проблем претставуваат викенд становите кои се издаваат на туристи, затоа што сопствениците се недостапни за инспекциските служби.
-Се случува туристите кои се сместени во колективните станбени згради, често може да се тоа и малолетни лица, воопшто да не знаат кој е сопственик на станот во кој престојуваат. Мајката го нашла станот им го дала клучот преку трето лице, едни ќе заминат па ќе го предадат клучот, па други доаѓаат.-посочува Виолета Тунтева – овластен инспектор по туризам и угостителство.
Од Општинскиот инспекторат објаснуваат дека согласно законот само роднини до прво колено се ослободени од плаќање на туристичка такса која чини 40 денари, додека сите останати подлежат на оваа давачка. Доколку бидат затекнати непријавени гости на сопствениците на становите им се изрекува глоба од 300 евра, но голем број прекршители на законот поминуваат неказнето затоа што на територијата на општина Охрид работат само двајца инпектори по туризам и угостителство, а во градот има околу 10.000 станови и помали студија и 60-на хотелски капацитети. Голем проблем исто така претставуваат и таканаречените диви агенции кои земаат се поголем дел од пазарот од легалните агенции, поради што тие трпат огромни штети.
– Тоа мора да се признае дека е така, иако е мал бројот сепак постојат диви агенции во Охрид. Тие држат клучеви од по неколку станови, тоа претставува проблем затоа што тие агенции ги издаваат овие станови без да плаќаат туристичка такса и без евиденција на гости, поради што апсолутно не може да се утврди точната бројка на туристи кои го посетуваат Охрид.-изјави Танас Танасоски, раководител на Општинскиот инспекторат.
Проблемот со регулирање на престојот и плаќањето на туристичката такса според градоначалникот на Охрид е невозможно да се надмине без системско решение, односно посебен закон со кој Охрид ќе се издвои од другите општини во земјата. Тој закон треба да го донесе Парламентот посочува Петрески, кој предлага оданочувањето да се врши на граничните премини и аеродромите или пред влегување на туристите во градот.
– Секој кој има стан во Охрид, а местото на живеење му е во друго место треба да плаќа годишен паушал и со тоа би се решил еден проблем. Друг проблем се услугите за користење на јавните површини. Тоа може да се реши со поставување рампи на трите влеза во градот, бидејќи Охрид е заштитено подрачје од УНЕСКО треба да се плаќа соодветна влезница во тоа заштитено подрачје. – смета Петрески.
Во првите 6 месеци од оваа година во Охрид се остварени 124.000 ноќевања на странски туристи што е за 17.4 проценти повеќе од минатата година, но драстично е намален бројот на гости во приватното сместување. И покрај тоа Општинскиот инспекторат очекува да биде остварен зацртаниот приход од туристичка такса од 20 милиони денари, но оваа сума може и треба да е повисока доколку се создадат и применат неопходните механизми за контрола на привремениот престој.
Советничката група на СДСМ и коалицијата гласаше против буџетот за 2026 година на Општина Охрид Посочуваат дека истиот е неразвоен, без сериозни и капитални инвестиции за зачувување на животната ср...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот ф...
Вечерва ќе се одржи 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знакот на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор Бендот на „Зимска б...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.