Поздрав до туристичката инспекција, Управата за јавни приходи, финансовата инспекција, пазарната инспекција и се друго што го контролира туризмот во Охрид. Тука би ја додал и полицијата која заедно, со сите горенаведени, се слепи и глуви за фактичката состојба во охридскиот туризам т.е. со нерамноправноста на учесниците во него…

Додека туристичките агенции мака мачат со плаќањето даноци, придонеси за вработени и секакви други трошоци, а во исто време заработуваат од 3-5% провизија од вкупната цена на издадените сместувачки капацитети, во Охрид, се јавува многу голема група на луѓе кои работаат на црно и без никакви трошоци и давачки кон државата. Во исто време наплаќаат 10% провизија за издадените сместувачки капацитети во градот. Истата таа група е добро распространета низ Охрид, а седиштето и е кај филијалата на „Охридска банка“ на „Туристичка“,  а другиот дел е кај старата и новата Автобуска станица.

Имено, овие “бизнисмени” заработуваат големи пари на нелегален начин со што се доведени во дискриминирачка ситуација туристичките агенции, а во исто време го нарушуваат угледот на градот, трчајки со велосипеди и мотори по странските автомобили нудејќи сместување.Од тука, доаѓа онаа идеја кај туристите дека во Охрид цените се високи ако се земе во предвид дека за апартман од 30 евра, се има случено да бидат побарани 30 евра провизија на ден! Тука лежи и одговорот на прашањето за 255 невработени туристички менаџери кои редовно ги објавува „ОhridNews“ ,консултирајќи се со Бирото за вработување од Охрид.

Крајно време е некој да реагира и да се стави ред во овие работи во туризмот во Охрид, со што би се намалиле цените, би се вработиле стручни лица и би се санкционирале нелегалните работници. Крајно време е инспекциите да престанат да ги мачат агенциите, угостителите, хотелите и туристичките водичи за ситници како немање “туристичка легитамација”( која предходно ја добиле во Факултетот за туризам во Охрид) и многу други ситници, не гледајќи колку пари поминуваат неоданочени и предизвикуваат големи негативни ефекти…Истото важи и за нелегалното продавање девизи, нелегалното продавање недвижности, посредување за градба (затоа што давателот на градежни дозволи им е познаник или близок) и многу други нешта…

М.Г.